Денес ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или за ограничување на маржите, најави министерот за економија, Бесар Дурмиши.
Како што информираше тој, работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките.
„Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 отсто, рече министерот во изјава за медиуми по денешната посета на книжарници во Скопје.
Дополни дека потрошувачка кошничка ќе продолжи и во наредните периоди, како зимска, велигденска и рамазанска кошничка.
Министерот, исто така, информираше дека Законот за нефер трговски практики ќе стапи на сила до крајот на месецот, дополнувајќи дека фирмите имаа шест месеци да ги усогласат своите цени.
slobodnaevropa.mk