38-годишен гостиварец пронајден мртов

Вчеравечер околу 19.50 часот во ОВР Гостивар екипа од итна медицинска помош Гостивар пријавила дека во неговата семејна куќа била констатирана смрт без траги на насилство кај А.Д.(38) од Гостивар.

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител, а телото е предадено за обдукција, соопштија од СВР Тетово.