Ученици нападнати со метални предмети додека биле на екскурзија во спортско – рекреативниот центар Сарај

МВР извести дека вчера во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети.

Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.