Боба сопругот на Лепа Брена сослушан под обвинение за измама

Поранешниот тенисер и сопруг на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ денеска беше сослушан за кривичната пријава поднесена против него и уште едно лице за измама!

Како што дознава Курир, тој и Н.Р. се обвинети дека двапати продале ист чамец и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000.

– Живојиновиќ денеска со својот адвокат отиде во Обвинителството, каде што беше сослушан од обвинителот, по што беше пуштен – вели извор на Курир запознаен со случајот.

Нашиот извор додава дека попладнето бил одржан и распитот на второосомничениот, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело.

 

kurir.rs