Кој е новиот сопственик на Вардар? Атила Бижен Жалили, турски државјанин од Унгарија, кој се занимава со бизнис со обновливи извори!

Атила Бижен Жалили, турски државјанин од Унгарија, кој се занимава со бизнис со обновливи извори на енергија, е новиот доминантен сопственик на фудбалскиот клуб Вардар.

Ова го соопшти најтрофејниот македонски фудбалски колектив, кој потврди дека сопственикот на „СолСервисис Лтд“ откупил 85 проценти од акциите на клубот.

Според соопштението, тој има обврска да ги врати долговите на клубот и да направи реорганизација.

Инаку „СолСервисис Лтд“ е унгарска компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори. „СолСервисис Лтд“ инвестира во соларни паркови во Унгарија и е лидер на тамошниот пазар во оваа дејност.

Бижен Жалили студирал во Нотингем за електротехника и електроника и во Истанбул за бизнис администрација. Повеќе од десет години е во бизисот со енергија.

извор: Фактор