ИРЛ:Емисари на Жан Митрев се обидуваат организирано да ги премислат сведоците

Роднини на починати ковид-пациенти во болницата „Жан Митрев“ кои треба да сведочат против докторот кој е обвинет за измама, добиваат телефонски повици од поддржувачите на доктор Жан Митрев.
🩺 Во улога на посредници се вклучиле дури и лекари вработени во неговата болница.
🛑 Јавувањата се пријавени во Јавното обвинителство од каде велат дека влијанието врз сведоци е кривично дело, бидејќи ја загрозува непристрасноста на постапката, објави ИРЛ Македонија.