Антикорупциска отвора предмет за назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Анонимна пријава пристигнала до Антикорупциската комисија со која се бара членовите да утврдат дали новиот директор на АНБ Бојан Христовски ги исполнува потребните законски услови за да биде назначен на оваа функција.
Ова за Канал 5 го потврди претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која рече дека предметот е оформен, распределен и веќе се обезбедува потребната документација.

„ Денеска е пристигната анонимна пријава во која се содржани наводи за незаконско именувае на дир на АНБ. Предметот е оформен во државната комисија распределен кај член за надлежно постапување тоа подразбира доставување на барање за доставување на потребна документација во однос на условите кои законот ги бара. По добивањето на докуметнацијата и анализа на истаат, ќе донесеме одлука на јавна седница. “Татјана Димитровска – Претседателка на ДКСК.

Претставката до Антикорупциска доаѓа откако назначувањето на новиот директор на АНБ изминативе денови беше мета на критики од опозицијата. Од СДСМ побараа тој да биде разрешен бидејќи , како што велат, со назначувањето на Христовски да раководи со Агенцијата се врши нејзина директна партизација, бидејќи како што велат тој бил личен избор на премиерот Христијан Мицкоски.

 

Текстот во целост на: Канал 5