Стефан Михајловски освои бронзен медал на Европското првенство во кик бокс за сениори во Атина, Грција. Во полуфиналето Михајловски во добра борба загуби минимално 1-2 од Украинецот Серхи Бабенко.
Нашиот друг претставник Бобан Илиоски го совлада Хрватот, Петар Јаман и се пласира во полуфиналето, а утре ќе се бори за влез во финалето.
На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.
skopjeinfo.mk