На 06.11.2024 во 23.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување кражба во тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи. Кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената. По извршени проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Related Posts
Бугарската „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со струја на Анѓушев
Бугарската компанија „Кер Токи Пауер “ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост…
Постхумно признание за медицинските сестри кои ја загубија битката со Ковид-19
Длабока почит кон шесте медицински сестри кои денеска постухмно беа одликувани, за нивната пожртвуваност, кажа министерот за здравство, Беким Сали…
МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март
Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување…