Докторка во Итна медициснка помош во Берово добила „итна“ интервенција но до момчето кое ја запросило

Пред неколку дена во Итната медицинска помош при Здравствен дом Берово се случи уникатна ситуација.

Момче со своите другари ја изненади својата партнерка која држела смена и ја запроси сосема неочекувано.

Станува збор за Елена Ковачовска (27), дипломиран доктор по општа медицина која стажира во Итната медицинска помош и нејзиниот, сега веќе вереник, Андреј Папалиски (32) кој има сопствен бизнис и се занимава со угостителство.

„Заедно сме 7 години и имаме разговарано на оваа тема неколкупати, знаев дека ќе биде изненадно и нешто уникатно, бидејќи тој е оригинален и секогаш се води од емоциите.

Запросувањето се случи за време на мојата втора смена во Итната медицинска помош, не очекував воопшто. Беше понеделник, обична вечер и со докторот бевме на повик на домашна посета кај пациентка.

На враќање накај Здравствениот дом ме побара Андреј и ме праша каде сум и за колку време ќе се вратам за да дојде да ме види.

Му одговорив и ние се вративме, после тоа ме побара уште еднаш да ме праша од која страна да дојде и му кажав. Во овој момент ни на крај на памет не знаев што ме чека.

За кратко заѕвони ѕвончето и ние станавме на штрек мислејќи дека е некој пациент. Но внатре влезе Андреј со сите негови најблиски другари.

Веднаш клекна пред мене со прстен и ме побара за жена. Тој немаше воопшто трема.

Јас бев во шок иако очекував да ме запроси со оглед на тоа што сме заедно долго време, ни на крај на памет не мислев дека ќе се случи баш тогаш и таму. Секако, бев пресреќна и кажав „да“.

После тоа отидовме во ресторан каде што беа сите наши најблиски да прославиме.

 

 

 

crnobelo.mk