Поранешниот водител на кулинарско шоу испрати апел преку социјалните мрежи и напиша дека поради спојувањето на ракот и пневмонијата, на него останале само коски.
Тој сподели фотографии на кои покажува како изгледа сега, исцрпен од долгогодишната борба со болеста.
Антонио Јанковски има потреба од нашата помош.
„Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене.“
„Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“ – напиша тој.
https://www.gofundme.com/f/donirajte-da-mu-pomogneme-na-antonio-da-go-pobedi-rakot