Раде Трајковски Штекли e повредениот од бомбата во Ќерамидница

Познат идентитетот на повредено лице по експлозија на бомба која се случи денеска во скопска Ќерамидница. Се работи за Раде Трајковски Штекли кој бил пренесен во болница.

Од полицијата претходно информираа дека утрово во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.

„Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Ова е трет обид за убиство што е направен врз Штекли откако пред неколку месеци во два наврати во трговиот центар Ист Гејт беа изведени два обиди за ликвидација.

 

 

skopjeinfo.mk