Еден човек од Мисури пропатувал, верувале или не, 1,6 милиони километри возејќи го своето “Volvo 740”. Шведската компанија знаела како да го награди ова.
Таткото на Џим не зборувал со него со денови, но тој му ветил дека ќе вози милион милји (околу 1,6 милиони километри) со своето ново “Volvo”.
Во интервјуто што го дал за “Fox” пред неколку години, тој раскажува како дошол во застапништвото на “Volvo”, “West”, барајќи нов автомобил и рекол дека сакал „практичен автомобил што ќе може сам да го поправи“, па изборот паднал на моделот “740”.
Триесет и неколку години подоцна, Џим го одржал ветувањето што му го дал на својот татко – иако тоа сега не му вреди многу.
„Татко ми почина одамна, па не можам да му се пофалам со ова“, се пошегувал тој во оваа прилика.
Инаку, бидејќи со својот модел “740” поминал 1,6 милиони километри, “Volvo” реши да го награди. Компанијата му подари ново “Volvo S60”, но тој сепак се одлучува за својот стар добар придружник во повеќето случаи.
„Многу е приврзан за својот автомобил“, рекол еден од роднините на Џим.
tocka.com.mk