Лажно пријавил дека три лица го претепале и му одземале пари кои ги подигнал од обложувалница

0
311

Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти лажно пријавување на кривично дело. Имено, на 19.10.2021 А.Д. пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ три лица физички го нападнале и му одзеле пари кои ги подигнал од спортска обложувалница.
По преземени мерки било утврдено дека на наведениот датум не се случило такво дело, односно дека тој лажно пријавил разбојништво извршено над него. Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 366 од Кривичниот законик.