Панова: Во Собранието се уште не е доставен предлог законот за намалување на акцизата и ДДВ кои веќе поминаа на Влада

За кого ли се грижи Владата  ДУИ и СДСМ кога ги жртвува граѓаните?

За само 2 дена, цената на горивата е  драстично зголемена. Цената на бензинот е зголемена за 11 денари, а на дизелот за 18.5 денари. Во Собранието сеуште не е доставен предлог законот за намалување на акцизата и ДДВ кои веќе поминаа на Влада. Па се поставува прашањето, кои ли тоа треба да книжи огромен профит додека Владата очигледно, тенденциозно остава простор. Само неграѓанска и ненародна Влада, во време на најголема криза потпомага одржување на високи цени на горивата, истакна пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Ели панова. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Одлуката на Влада која е насока на намалување на акцизата, а сеуште не доставена до Собранието, не е ниту целосна и ваква каква што е нема значително да влијае на цената на горивата и новите покачувања.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ го повикува владеачкото мнозинство, да не трча по гол популизам кои народот и така повеќе не им го купува и во вторник на 15.03 кога на дневен ред се предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на  ДДВ на прехранбените продукти од 5% на 0% и предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% да ги поддржи и заедно да изгласаме вистинско намалување, кое ќе има реален ефект врз цената на горивата и храната.

Упатуваме уште еден апел до парламентарното мнозинство да ги поддржи предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ и да не брза со одлуки и законски решенија само за создавање дневна политичка корист. Законите треба да се носат за граѓаните, а не за профит на вашата ненародна власт.