Владата да донесе одлука за укинување на акцизата и ДДВ за зелена нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш.
Земјоделците иако најпогодени од кризата не се опфатени со наводните владини мерки, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава:
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на земјоделците и повикува владата да ја ослободи зелената нафта од акцизи и ДДВ, како земјоделците ќе може да имаат пониски трошоци за производство.
Дополнително веднаш да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство.
Владата веднаш да се насочи и на изнаоѓање на нови пазари, бидејќи голем дел од земјоделските производи во голем процент завршуваа во земјите во војна.
Владата да не трча по дневен популизам, туку да преземе мерки кои ќе имаат долгорочен ефект.