ВМРО ДПМНЕ: Нашиот предлог за намалување на акцизата на горивата за 50% е на дневен ред во собрание СДСМ и ДУИ да го поддржат

СДСМ да го прифати предлогот за намалување на акцизата на горивата за 50%, а не да брка дневен популизам. Предлог законот за намалување на акцизата на горивата за 50% денес е на дневен ред во собрание. Пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат предлогот, во спротива ќе потврдат дека брка само дневен популизам, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото се додава:

Намалувањето на акцизата за 50% ќе влијае за намалување на трошоците за производство во земјоделието, индустријата, но и ќе влијае позитивно врз буџетот на граѓаните.

Во последните година ипол цените на горивата поскапеа и до 100%. Единствен начин да се спречи спиралата на поскапување е намалување на акцизата на горивата за 50%.

Квази мерката на СДСМ со која цените на горивата се намалуваат за 30% не е доволна.