Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137

Во последните неколку дена во Франција не можеше да се пропушти жолтеникавото небо и честичките оставени на автомобилите. Поврзани со песочната бура која ја зафати Сахара, тие содржеле, меѓу другото, цезиум 137, радиоактивен елемент, остаток од француските нуклеарни и атомски проби во Сахара, јави дописникот на МИА.

Минатата година, песочната бура што доаѓа од Сахара го обои небото на Франција со жолта, дури и портокалова нијанса. Овој вторник, 15 март 2022 година, Сахара повторно го направи тоа и честичките прашина останаа во суспензија неколку дена во атмосферата, таложејќи се на автомобили, на улици, покриви, во планините… Но, овој песок содржи елементи кои се штетни за здравјето, а особено цезиум 137, елемент кој се смета за радиоактивен.

Облакот од песок овој пат остана многу подолго од вообичаено над Франција, од вторникот до петокот. Евакуиран оттогаш од ветровите, носејќи сино небо над поголемиот дел од земјата, песокот сепак остави свој белег. Особено на автомобилите, препорачливо е брзо чистење за да се спречи честичките да станат корозивни и да ја оштетат бојата или другите метални делови. Но, тиа можеше да влијаат и на здравјето.

Но, Здружението за контрола на радиоактивноста на Запад, исто така, забележа дека прашината од песок содржи цезиум 137, радиоактивен агенс што доаѓа од нуклеарните тестови спроведени од Франција во Алжир во 1960-тите годиним со што трајно го контаминирале регионот. Специјалистите за радиоактивност не се загрижени за последиците во Франција, но времетраењето на настанот донесе повеќе радиоактивност од претходната година.

 

МИА