Мицкоски: Ковачевски е нелегитимен премиер, кој нема добиено поддршка на избори од народ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик плус“ на ТВ 21 истакна дека Димитар Ковачевски е нелегитимен премиер кој нема добиено поддршка од граѓаните на избори, ниту се појавил пред нив со програма за те да го гласаат.

– Сум го кажал мојот став, а тоа е дека за мене Ковачевски е нелегитимен премиер и тука нема дилема. Затоа што тој не излегол пред граѓаните и не ја презентирал својата стратегија, визија и програма за која би добил глас, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Ковачевски едноставно е поставен е таму, каде што е поставен.

– Не велам дека е нелегален, туку е нелегимен.  Го гласале во Парламент, му избрале кабинет и тоа е тоа. Тоа и за него е лошо, затоа што остава погрешен впечаток. На крајот од денот тој е универзитетски професор, утре треба да се појави пред студенти. Каков педагог ќе бидеш кога педагошкиот морал го кршиш? – изјави Мицкоски.