Приведено лице од тетовско, крадело дрва од шума во приватна сопственост

На 27.03.2022 околу 10.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот Ќ.З. од тетовско Рогле, поради сомнение дека во атарот на ова село, во месноста „Ареонит“, извршил кражба на дрва во шума во приватна сопственост. При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени моторна пила, исечени дрва и други алатки, кои биле предадени на Шумска полиција. Се расчистува случајот и по целосно документирање на Ќ.З. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.