Против две лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а се истражува и за оштетени четири автобуси со кои навивачите од Битола пристигнале на мечот во Скопје, по инцидентите на вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Како што соопшти МВР, во врска со инцидентите на навивачите за време и по ракометниот натпревар Скопје, помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кој се одржа во спортска сала на подрачјето на Аеродром, од страна на полициски службеници во полициска станица се приведени Д.А.(43) од Скопје и Т.Г.(37) од Битола и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во врска со настанот, пак, во СВР Битола било пријавено дека околу 18.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса, со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса, со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар.
Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.