Непознато лице киднапирало патнички авион во Италија и полетало за Франција, а францускиот ловец Мираж 2000 бил подигнат да го пресретне, јавува Радио Европа 1. Но, веста за ова киднапирање не ја потврди ниту еден од официјалните лица, објави Курир.рс.
Украдениот авион слетал на аеродромот Екс-ле-Мајлс. Авионот немал план за лет или радио комуникација и летал на мала височина, се наведува во извештајот.
Според радиото, киднаперот бил 33-годишен Словак без лични документи. Носел само чорапи, без чевли.
За време на апсењето, киднаперот наводно и предал на полицијата писмо на англиски јазик.
извор: Курир.рс.