Најголемиот електричен брод за крстарење во светот денеска за првпат заплови во кинеската провинција Хубеи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бродот „Три кањони на реката Јангцекјанг“ е долг 100 метри и широк 16,3 метри. Неговиот капацитет е 1.300 патници и главно ќе се користи за крстарење по реката Јангцекјанг во близина на Јичанг.
Бродот е целосно на електичен погон, со капацитет на батерија од 7.500 киловат-часови, што е еквивалент на повеќе од 100 електрични автомобили. Може да помине 100 километри со едно полнење, заштедувајќи 530 метрички тони бензин и 1.660 тони емисии секоја година.
Бродот се напојува со чиста хидроелектрична енергија од браната „Три кањони“, а проектот беше финансиран од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија и Министерството за транспорт во обид да се користи чиста енергија и зелен транспорт.
извор: Агенција Анадолија (АА).