Партијата Бошњачки демократски сојуз реагира на податоците од пописот на населението. За нив како што наведуваат во партиското соопштение, резултатите се неприфатливи, оти како што велат, постојано работат на терен и ја знаат реалната состојба. Од партијата имаат примедба за пристапот на попишување и се уверени дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Р. С.Македонија е далеку поголем.
Од вкупното резидентно население во земјава 58,4 проценти од населението се изјасниле како Македонци, а 24,3 како етнички Албанци, 3,86 проценти како Турци, потоа 2,53 проценти како Роми, како Власи се изјасниле 0,47, како Срби 1, 3 отсто и 0, 87 проценти како Бошњаци.
Од партијата велат дека јавно укажале на пропустите и се заканиле со излегување од владејачката коалиција, но потоа биле уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила.
„За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите“, велат од Бошњачки демократски сојуз.