Безбедносен пропуст им дозволи на хакери да украдат 173.600 ETH, односно над 600 милиони долари, од играта „Axie Infinity“, во која играчите користат криптовалути и NFT и кои можат да ги заработат.
„Axie Infinity“ е игра која го користи принципот „играј за да заработиш“ и во која играчите можат да инвестираат криптовалути или NFT, а потоа да играат за да заработат уште повеќе дигитални валути што можат да ги претворат во пари. Оваа игра е еден од најпопуларните наслови од овој тип, но се чини дека тоа ќе се промени со оглед на тоа што хакерите успеаја да испумпаат монети на Ethereum во вредност од над 600 милиони долари.
Се чини дека човечкиот фактор е делумно виновен за хакерскиот напад. Имено, во 2021 година тимот за развој побара од раководната структура на децентрализираната организација Axie да помогне во дистрибуцијата на бесплатни трансакции меѓу играчите на „Axie Infinity“. За жал, списокот за пристап не беше отповикан по завршувањето на акцијата.