Што конкретно се договара во моментот, и зошто Бугарската страна слави, а во Македонија има молк, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Бујар Османи наместо преку медиумите, прво да отиде во собранието и да реферира пред пратениците што договара со Бугарија. А Димитар Ковачевски да ги запознае политичките партии и стручната јавност.
Ковачевски и Османи го водат целиот процес на преговори целосно нетранспарентно, наспроти тоа во Бугарија политичарите вклучени во процесот се тие кои ги информираат нивните граѓани.
Односот на Ковачевски и Османи кон целиот процес дава сомнеж дека тие може да ги загрозат Македонските интереси, јазикот, идентитетот и историјата.