Минатата година, користејќи ветер и Сонце, светот за прв пат произвел 10% од електричната енергија. Ова го покажува анализата на Ember, британскиот истражувачки центар за климатски промени и енергија, на која се повикува BBC. Педесет земји во светот добиваат повеќе од 10% од вкупната своја енергија од овие два онбовливи извори, се заклучува во истражувањето, објави porta3.mk.
Со опоравувањето на светските економии од пандемијата, во 2021 година побарувачката за енергија порасна. Со рекордна брзина растеше побарувачката за електрична енергија, поради што дојде до пораст и на потребите од јаглен, што е најбрза стапка после 1985 година. Во текот на 2021 година, вкупниот удел на обновливите извори на глобално ниво бил 38%, додека уделот на ветерот и Сонцето (10%0 е двојно поголем отколку во 2015 година кога е потпишан Парискиот климатски договор.
Најбрз премин на енергија од ветер и Сонце е реализиран во Холандија, Австралија и Виетнам. Посебно спектакуларен е растот на Виетнам, кој само за една година тројно го зголемил користењето на соларната енергија. Од друга страна, загрижува фактот што и енергијата произведена од јагленот бележи пораст. Данска, која добива над 50% од својата електрична енергија од ветерот и Сонцето, во 2021 година бележи значителен пораст на енергијата произведена од јаглен. Глобално, производството на електрична енергија од јаглен, во 2021 година бележи раст од 9%, што е највисок после 1985 година. Најбрза стапка на раст во овој сегмент бележат азиските земји, особено Кина и Индија. Гасот, забележал раст во уделот само од 1%, секако поради драстичниот скок на цените, па јагленот доби многу на конкурентноста. Во овој момент цените на гасот се 10 пати повисоки отколку во истиот период лани, а јагленот поскапел тројно за истиот период. Според експертите, покачувањето на цените на јагленот и гасот се уште еден аргумент во прилог на тезата дека електроенергетските системи мора да се посоветат на поголемо производство на енергија од обновливи извори.
извор: porta3.mk.