Во изминативе 3 години основните производи се поскапи и за 110%, а СДСМ се фали дека платите пораснале 5%. Од 2017 година до денес цената на зејтинот е зголемена за 110%, брашното 90%, млекото 55%, шеќерот 40%, тоа се основни продукти, кои граѓаните ги купуваат скоро секој ден. Во истиот период горивата се поскапи и за 70%. А со тоа поскапи се сите услуги и производи во индустријата и секторот на услужни дејности, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Трошоците за живот во последните неколку години се енормно зголемени, а платите скоро воопшто.
Куповната моќ на граѓаните секоја година е се послаба.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на платите, а СДСМ одби, за да можат нивните функционери да имаат повеќе пари за тендери и договори во 4 очи. А дополнително ќе предложиме закон за нивелирање на коефициентот на сложеност за работните места во образованието, со што ќе се зголемат платите во просветата.