Државата се соочува со масовно иселување – 58 отсто од младите во државата сакаат да се иселат

Државата одамна се соочува со масовно иселување, особено на младите. Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18% од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за речиси 150.000 граѓани, што укажува на тоа дека нашето население старее, објави Телма. 

Според Иван Дургутов, од Либерален институт – Скопје, иселувањето на младите не се должи само на економската состојба, туку се должи на повеќе фактори.

Директорката на Либералниот институт – Скопје, Санда Крекиќ смета дека младите не се доволно вклучени во процесот на донесување на одлуки, но верува дека тие може да го подобрат општеството за идните генерации да не се соочуваат со проблемите со кои се соочува денешната младина.

Текстот во целост на: Телма.