(ФОТО) Градоначалникот Пецаков во посета на компанијат „ОДВ Електрик“

Денеска бев во посета на компанијат „ОДВ Електрик“. Во рамки на посетата остварив средба со генералниот менаџер, Огнен Цубалевски, кој ме запозна со процесот на производство на фабриката и со идните планови за развој на компанијата во Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

👉 Бројот на вработени во моментов во „ОДВ Електрик“ е околу 800 луѓе што ја прави еден од најголемите работодавци во регионот.
👉 Изразив благодарност што компанијата го одбра токму ова место за инвестирање и ја истакнав подготвеноста на Локалната самоуправа да се излезе во пресрет на нивните потреби се со цел забрзан развој и зголемување на бројот на вработени во компанијата.
👉 Во изминатиот период компанијата „ОДВ Електрик“, дел од својот производствен капацитет кој се наоѓа во Украина, го има префрлено во Охрид и со тоа бројот на вработени во изминатиот период е пораснат за неколку стотини.
📜 Претходно, испратив официјално писмо со кое ги повикувам странските компании кои веќе имаат инвестирано во Охрид, доколку своите производствени капацитети од Украина ги преместуваат, нивниот избор да биде Охрид, бидејќи во Општина Охрид може да гледаат како на партнер кој ќе им излезе во пресрет за остварување на нивните планови.