Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје.
На вонредна прес–конференција претпладнево, Свечља рече дека нападот, кој го оквалификува како терористички, бил извршен со рачна бомба и со калашников.