(ФОТО) Објавена фотографија од Зекири за време на неговата дневна прошетка во затворот Шутка, се кршат ли правата на затворениците?

На интернет објавена е фотографија од поранешниот генерален секретар на Владата и близок соработник на Зоран Заев – Мухамед Зекири – за време на неговата дневна прошетка во затворот Шутка.

Во ваков случај кога се објавуваат фотографии од затвор на познати личности се работи за кршење на правата на затворениците.

Сличен беше третманот и на Гордана Јанкулоска. Доволно е некој да објави ваква фотографија и истата се споделува неконтролирано на социјалните мрежи.

Инаку Зекири е обвинет за одобрување на исплата од милион евра без тендер – за набавка на студија за приватизација на Македонски Пошти. Неговата жалба за притворот беше одбиена пред неколку дена, по што тој останува во притвор 30 дена.