Од технички причини беше повлечена иницијативата за недела неработен ден поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија до Уставниот суд. Иницијативата ќе биде ставена на дневен ред во некоја од следните седници. Судијата известител Вангелина Маркудова, не даде поопширно образложение за техничкиот дел кој треба да биде обработен.
Претседателката на Уставен суд на РСМ, Добрила Кацерска апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.
Преку оваа иницијатива Стопанска комора на Северна Македонија, ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.
Според подносителот оспорениот закон се однесува за работата во недела и смета дека истиот е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.
Радио Слободна Европа