Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на ЕСЈН е целосно надминат, известија од Бирото за јавни набавки и тврдат дека интегритетот на системот не е загрозен.
-Од денес, овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби. Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, соопштија од БЈН.
Системот падна минатиот викенд и цела работна недела не можеше да се вршат јавни набавки, што предизвика особен проблем при интервентните јавни набавк