Нема да го тргнеме ветото, туку ќе го поместиме – бугарскиот премиер Кирил Петков повторно со закана до Скопје дека нема да ја кренат рампата за македонските интеграции до Самитот во јуни. Во изјава за бугарската телевизија Нова, Петков вели дека имале 10 години додека Македонија стане дел од европското семејство, а во тој период тие да притискаат да бидат исполнети сите нивни барања ,но не заборави да истакне дека правата на Бугарите во Македонија останува клучен предуслов за напредок во преговорите.
– Ние не треба просто да го дигнеме ветото, туку да го преместиме. Промената на Уставот во Македонија мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас. Ѝ даваме пат на Македонија кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму.– изјави бугарскиот премиер во интервјуто за бугарската Нова ТВ.