(ВИДЕО) Премиера на досега необјавената песна на Ѓорѓе Балашевиќ, слушнете дел …

На адресата, „Јован Цвијиќ 33“ во Нови Сад, односно семејната куќа на Џоле, беше претставена антологија на љубовната поезија на Ѓорѓе Балашевиќ, и премиерно беше изведена негова досега непозната песна, пишува „РТС“.

„Се сеќаваме на Џоле секогаш кога сме културни, секогаш кога некому му се заблагодаруваме, секогаш кога некого сакаме, секогаш кога сме најдобри домаќини на странците“, вели Алекса Балашевиќ.