Словачка ќе бара изземање на ембаргото за руска нафта

Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

Според него, непречените испораки на нафта од Русија се од витално значење за словачката економија, бидејќи Русија и обезбедува на Словачка 100 отсто од потребите за нафта.

 

МИА