Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај изјави дека новинарите мора да имаат подобри услови за работа кадешто ќе можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска.
„Секој човек има право на слобода на мислење и изразување и треба да се чувствува слободен да може да го искаже своето мислење и став. Доколку сакаме да одиме напред како општество, како сите напредни земји тогаш неопходно е да се трудиме постојано да ја унапредуваме слободата на изразување. Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, секогаш
да можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска. Убавината на демократијата значи вреднување на различни размислувања и подобрување на општествените процеси преку конструктивна критика. Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е потсетник никогаш да не скршнеме од тој пат. Да им овозможиме достоинствени услови за работа на сите новинари и медиумски работници“, рече Димитриевски.