ВМРО ДПМНЕ: 900 милиони евра нов долг, а ниту еден проект, Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство

900 милиони евра нов долг, а ниту еден проект, Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство. СДСМ ветуваше бесплатно здравство, 600 километри автопат, европска иднина, а испорача долгови, криминал и корупција. СДСМ не направи ниту еден значаен проект изминативе 5 години, но затоа го дуплираше јавниот долг, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:

СДСМ ја краде иднината на генерациите што допрва доаѓаат, затоа што наместо раст и развој генерира долгови кои треба да се враќаат во наредните децении, а притоа не за развој, туку за покривање на криминалот и неспособноста.

Овие 900 милиони евра можеа да се инвестираат во капитални инвестиции и нови проекти, но заради СДСМ одат на покривање на дупките од нивната неспособност.