Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на денешната прес-конференција објави дека општината поднела кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи за еден предмет на експропријација. Тој ја обвини неговата претходничка дека поради овој предмет општинскиот буџет е оштетен за над еден милион евра, објави Сител .
– Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен буџетот на Општина Тетово во износ од 68 милиони денари. За овој случај, од добивањето на мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари или приближно половина милион евра. Вредноста на овој предмет, кој се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано, била околу 40 илјади евра, изјави Касами.
На прес конференција градоначаникот Биљал Касами, објасни дека се работи за случај на експропријација кој датира од 80-тите години, кога вредноста била 3 милиони денари, а повторно бил активиран во 2015 година, кога е пресметана камата. Касами се сомнева дека претходното раководство намерно не го обжалило.
Текстот во целост на: Сител