Иран: 11 студенти повредени во пожар во студентски дом

Најмалку 11 студенти се повредени во пожар што избувна во студентски дом во Техеран, главниот град на Иран, известува Агенција Анадолија (АА).

Пожарот избувна синоќа во десеткатниот студентски дом во центарот на Техеран.

„Спасувачките екипи вложија максимални напори за евакуација на најмалку 400 студенти од зградата“, изјави портпаролот на Противпожарната и безбедносната служба на Техеран, Сеид Џамал Мелеки.

Тој за агенцијата ИСНА (ISNA) рече дека пожарникарите бргу го изгаснале пожарот, додавајќи дека 11-те повредени студенти се префрлени во болница. Само еден повреден студент е задржан на болничко лекување.

Мелеки рече дека во тек е истрага за откривање на причината за пожарот, но дека пожарот најверојатно започнал од депонијата за смет зад студентскиот дом.

извор: Агенција Анадолија (АА).