Судот му изрече мерка притвор во траење од 40 дена на директорот на водовод во градот Лач – Албанија , господинот Алфред Продан кој е обвинет дека пред неколку години извршил грабеж во домот на познатиот фудбалер Карим Бензема.
Со истрагите е потврдено дека куќата на француската ѕвезда на Реал Мадрид во шпанската престолнина е ограбена од Продан.
Директорт на водоводот бил на меѓународна потерница издадена од полицијата на Шпанија која вршела истрага околу грабежот во домот на фудбалерот
Сега според албаснките медиуми во тек е процес за екстрадиција на Продан во Шпанија каде ќе му се суди.