Македонскиот репрезентативец, Андреас Трајковски вчера го урна државниот рекорд во скок во далечина на отворено, откако претходно неколку пати го правеше истото, но во сала.
Тој на митинг во Лимасол (Кипар) скокна 7,41 метри, со што го подобри досегашното најдобро остварување од 7,15 метри, кое беше во сопственост на тројца атлетичари – Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Трајчевски со овој резултат го освои петтото место на митингот, на кој победи олимпискиот шампион Милтиадис Тентоглу (Грција) со скок од 8, 28 метри. Втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8,04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7,56 метри.
За македонскиот репрезентативец ова беше прв настап сезонава на отворено, а веќе следниот викенд ќе учествува на силен митинг во Солун.