Седница на српскиот Совет за безбедност за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска најави седница на Советот за национална безбедност, на која ќе се расправа за барањето на Косово за членство во Советот на Европа. Според него, Приштина покажала дека го прекршила Вашингтонскиот договор. „По 10 години газење на бриселскиот договор, сега го згазија и договорот од Вашингтон и никогаш не се почитува резолуцијата 1244 на Совет за безбедност на ОН, изјави вчера Вучиќ на отворањето на Саемот за автомобили во Белград. Тој додаде дека не знае дали Приштина има мнозинство за да го исполни тоа барање, но дека едноставната пресметка покажува дека може да очекуваат околу две третини од гласовите доколку ги поддржат само земјите што ја признаваат независноста на Косово. „Тие сега добија поддршка од САД за приклучување кон Партнерството за мир. Ова е притисок врз овие пет земји од ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово и поканата до Србија да го стори истото“, рече Вучиќ.

 

Радио Слободна Европа