СДСМ: Покрај заштедите, ќе скратиме уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци од Буџетот

Владата предводена од СДСМ подготвува ребаланс на Буџетот со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. Ова е дополнително на кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците, се вели во соопштението од СДСМ. Во продолжение на истото се додава:

Со кратење на непродуктивните трошоци и заштедите се отвора можност за нови мерки за граѓаните и компаниите за амортизирање на ударот од светската економска криза.

Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.

Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.

Дополнително е воведена тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.

СДСМ во време на светска економска криза продолжува со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.