Турското Министерство за земјоделство и шумарство објави нова снимка од анадолскиот леопард, инаку загрозен вид леопарди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Леопардот е снимен со камера-мамка минатата година, а на снимките се гледа како тој се движи во своето природно живеалиште во Турција.
Последен пат овој вид леопард е виден во 1974 година.
Министерството не ја сподели точната локација на нивното природно живеалиште заради нивна заштита.
Снимката е споделена од Министерството по повод Меѓународниот ден на биолошкиот диверзитет, кој се одбележува на 22 мај, во обид да се зголеми свеста за прашањата за биолошката разновидност и за повиците за дејствување во правец на заштита на биолошкиот диверзитет на планетата.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).