Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека парламентарни избори ќе има во 2024 година.
„Тоа е многу несериозно, за политичка партија да вели ќе се сретнеме само ако има предвремени парламентарни избори… Да условувате во вакво време е несериозно. Тоа го добиваме од опозицијата“, вели Каевски.
На ова реагираше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој порача дека и предвремени избори ќе има, но и дека власта ќе се смени.
„Ќе видите дека и предвремени парламентарни избори ќе има, бидејќи е неиздржливо ова што се случува и ве уверувам дека единствено решение за целата оваа хаотична ситуација и национална катастрофа е излез само парламентарни избори“, вели Арсовски.
фото: ТВ 21