Енергетската политика на владата на СДСМ и ДУИ е еднаква на енергетска катастрофа. Намалено домашно производство на електрична енергија кое е рекордно најниско изминативе години е причината за енормните сметки за струја на граѓаните, општините и стопанството. Лоши и задоцнети мерки за спречување на енергетската криза во Македонија од страна на Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Катастрофалното менаџирање на енергетската криза ќе доведе до уште поголеми сметки кои ќе ги плаќаат граѓаните наредниот период.
Наместо да произведуваат струја, владата на СДСМ и ДУИ единствено мислеше на криминалните тендери во РЕК Битола.
Вчерашната хаварија со поплавата во РЕК Битола и сликата во која се наоѓа енергетскиот систем во Македонија. Со години хаварија во енергетскиот систем.
Државата ги остави општините во долгови заради огромните сметки за електрична енергија. Наместо општините да решаваат инфраструктурни проблеми, преку реализација на проектите, тие мака мачат да ги платат огромните сметки за струја.
За разлика од сите енергетски компании во светот кои работат профитабилно, ЕЛЕМ е пред банкрот заради тоа што не произведува електрична енергија и увезува поскапа струја за 7-8 пати.
Недоволното производство на струја, празните акумулации, криминалните тендери за фиктивен ископ, тендери во 4 очи и богатење на фирми блиски од фамилијата Заеви се причината за огромните високи сметки за струја на граѓаните и стопанството.
Оваа катастрофална состојба во енергетскиот систем треба што поскоро да запре. Премногу е!
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: Архива