Пронајдена дрога кај охриѓанец кој држел угостителски објект

На 09.06.2022 во 21.40 часот на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје од слобода лишиле 51 годишен Охриѓанец.

При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: Архива