Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа истакна дека ребалансот на буџетот ги апсолвира сите тие мерки што беа преземени од март годинава за справување со кризата и тоа што не чека годинава.
– Тоа значи дека буџетот ако беше планиран на 545 милиони евра дефицит, е некаде на ниво од 695 милиони евра. Инфлацијата се зголемува во однос на првичните 2,4 %, и проекциите се дека во просек ќе биде 7.2%. На светската сцена се променија работите, се случија непредвидливи работи. Стана пракса на три месеци да гледаме ревидирање на проекции. Ние сега живееме во период на постојани кризи. – рече Бесими.
извор: ТВ 24
фото: ТВ 24